МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Амбулантата работи во склоп на ЈЗУ Општа болницата Кавадарци ,а пациентите ке бидат дијагностицирани со апаратот за гастроскопија и колоноскопија донација од компанијата Дрекслмајер

Во ЈЗУ„Општа болница“ Кавадарци денеска беше отворена нова амбуланта за дигестивна ендоскопија во која ќе се вршат гастроскопија и колоноскопија или снимање на горен и долн дигестивен тракт. Апарат е донација од германската Деркслмајер. Денеска во присуство на директорите Лукас Мурингер и Ѓорги Тренковски беше промовиран новиот апарат кој е дополнителена донација на гастроскопот кој беше дониран во февруари оваа година исто така од германската фабрика. Директорот на Болницата д-р Диме Коцев го потенцира значењето на амбулантата за граѓаните и се заблагодари до германската фабрика истовремено изрази надеж за понатамошна соработка.

Едоскопските прегледи во болницата ги врши д-р Стојанчо Рамов кој беше на едногодишна едукација за овој тип на методи на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје. Во текот на оваа година биле направени 400 интервенции на горен дигестивен тракт и препратени во Скопје, а веќе на новиот апарат со кој започнале со работа од овој месец биле откриени првите случаи на карцином и наврме биле испратени на понатамошни интеревеции, информираше доктрот Рамов

Општата болница во Кавадарци е од регионално значење .Во неа се лечат граѓани од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско.