МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Благодарение на брзата интеревнција спречен е голем пожар во Глишиќ

Утринава околу 10 часот претпладне во населбата Глишиќ во нова индивидуална градба изгоре електрично броило со осигурувачи.

-„Се работи за пожар во кој целосно изгоре електрилното броило со осигурувачите, и благодарение на брзата пријава и наша интервенција спречено е ширење на пожарот.Пожарот е изгаснат со апарат за суво полнење„- не информира Илчо Богевски -командир на Територијалната противпожарна единица Кавадарци кој на лице место во Глишиќ пристигна со две возила и тројца пожарникари.

Тој апелира до граѓаните кои изведуваат електични работи, инсталаци и слично, на било какви градби, да набавуваат и вградуваат опрема со високи стандарди и квалитет,истовремено тоа да се прави и стручно, како би траело со години и опасноста од пожар би се сведила на минимум.

Кога сме кај пожарите Богевски соопшти дека ова зима има зголемен број на интеревенции поради пожари и на отворено но и поради запалени оџаци кои навреме не се чистат.