МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Завршена е последната фаза од комуналниот проект на Општина Кавадарци со кој на постојниот паркин простор се доградуваат дополнителни 570м2 нов паркинг.

Овој комунален проект општината го реализира на теренот под хотелот „Уни палас“ 1, помеѓу колективните згради на Булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

Општината претходно започна со расчистување на теренот во овој запуштен, узурпиран и деградиран простор. Паралелно се одвиваше и акција со која општината ги отстрани диво поставените лимени гаражи кои го нарушуваа урбаниот простор и беа непријатна глетка за станарите и минувачите.

Пред асвалтирањето беа превземени земјeни работи за подготовка на теренот каде на постојниот паркинг се врши доградба на дополнителен нов асвалтиран паркинг простор.

Во завршната фаза од овој проект општината планира и хортикултурно уредување на тревни површини. По целосната реализација на овој инфраструктурно-хортикултурен проект ревитализираниот и урбанизиран простор ќе биде во целосна функција на граѓаните и жителите од овој дел на Кавадарци.

32149084_2149320641958652_6689970381714882560_n.jpg

32169878_2149320638625319_5777247281073881088_n.jpg