МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Специјалното возило за инвалидизираните лица од денеска на располагање Комбето адаптирано за потребите на лица со инвалидитет официјално е пуштено во употреба од денес. Ова возило ќе им биде достапно на лицата кои имаат потреба од истото. За почеток комбето ќе функционира во рамки на Општина Кавадарци. Комбето е достапно секој ден од 8 до 20 часот. За користење на ова возило лицата ќе можат однапред, односно ден порано, да се координираат со лицето задолжено за превоз, Ристе Маркушев со телефонски број 071 328 523.