МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Годинава на колонијата учествуваат над 30 ликовни уметници од повеќе земји од Македонија, Бугарија, Србија, Велика Британија, Косово, Турција, Романија, Русија, Албанија и други .

Уметниците своите ликовните дела ќе ги ствараат во Хотел “Уни Палас 2“ Кавадарци,каде Колонијата се одржува последниве години.Таа е во организација на Домот на култура “Иван Мазов Климе“ Кавадарци, а со подршка на Локална самоуправа на Општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија. Како помагатели се јавуваат и повеќе општествено одговорни фирми од градот.

„Се работи за многу квалитетна и етаблирана Ликовна колонија која колективот на Домот на Културата од Кавадарци ја спроведува.Целиот овој културен настан е на врвно ниво, од услови за работа, до целодневен престој, исполнување на врремето со содржини кои ке им останат во трајно сеќавање на сите учесници на колонијата.-вели директорот на Домот на Културата „Иван Мазов Климе“-Александар Малинков

-„Младоста и искуството ке бидат главните генератори за одржување на најквалитетната ликовна колонија во Македонија и во Европа.-вели м-р Владимир Темков- главен организатор -ликовен уметник од Кавадарци.Имаме овде професори на факултети, ценети уметнички имиња, но и млади имиња кои допрва треба да се докажуваат. Фактот дека организатори ја земаат како терк , доволно зборува за квалитетот на ова колонија која живее 22 години„-додава Темков.

Специјални музички гости на вечерта беа членовите на рок бендот “Лексикон“.За време на одржувањето на колонијата ќе се случат уште неколку придружни уметнички настани. Во среда, на 22 август 2018, од 20 часот, во организација ан Домот на културата, а во Галерискиот простор на Музеј - Глаерија Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар.Во петок пак, на 24 август 2018, со почеток од 12 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи несекојдневен и спектакуларен ликовен перформанс со познатиот ликовен уметник од Турција - Орхан Цебраилоглу.Официјално Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци ќе биде свечено затворена со изложба на реализираните ликовни дела, во недела, на 26 август 2018 од 20 часот.

Инаку пред отварањето на колонијата , во 20 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“беше отворена изложба на ликовниот уметник Александра Димитрова од Кочани.