На државната Олимпијада по ментална аритметика која се одржа во Скопје на 11 јуни Марија Радњанска и Стефанија Ристов освоија прво и второ место.Тие ке учествуваат на меѓународната Олимпијада која ќе се одржи на 18. јуни 2023 во Белград
На државната Олимпијада по ментална аритметика која се одржа во Скопје на 11 јуни Марија Радњанска и Стефанија Ристов освоија прво и второ место.Тие ке учествуваат на меѓународната Олимпијада која ќе се одржи на 18. јуни 2023 во Белград
На овој престижен настан учествуваа над 600 натпреварувачи од Македонија на возраст од 5 до 12 години.
Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Настанот традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот по ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво ментално – без никакви помагала (хартија, молив или калкулатор). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во собирање и одземање на долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда!
Процесот на учење брза пресметка се заснова на древен јапонски калкулатор – абакус. На овој начин се постигнува успешен тренинг на мозокот, создаден со идеја за вежбање различни ментални капацитети, како што се: меморија, концентрација, визуализација, аналитичко и логичко размислување.
Организацијата на Олимпијадата е голема чест и признание за училиштето Малац Генијалац. Неговото одржување доаѓа како круна на успешната работа и одличните резултати што сс постигнаа во Скопје, Охрид, Кавадарци, Велес, Битола, Кичево, Штип и Куманово.