МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку проектот МСПИ - проект за подобрување на општинските услуги, потпиша договор за реализација на проект за реконструкција на улици и булевари во Општина Кавадарци.

Со овој проект ќе се реконструираат улиците: "Мито Хаџи-Василев Јасмин", "7ми Септември", "Никола Минчев", "Булевар Моша Пијаде", "Цветан Димов", "Пано Мударов", "Цано Поп-Ристов", "Страшо Пинџур" и "Северен Булевар". Со проектот значително ќе се подобри патната инфраструктура во централното градско подрачје.