МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 08 ноември 2018 година одговорните лица на училишните клубови во две основни училишта се договорија собраната помош во облека и обувки од спроведената хуманитарна акција да биде донирана на жителите од Ромската населба Брушанско маало.

Се работи за облека и обувки во количина од околу 2 тони која претходно беше сортирана и средена по возраст и пол, и истата донирана на свои врсници директно во населбата.

И жителите од населбата беа изненадени за гестот на младите, бидејќи пред почетокот на студеното време и зимата, оваа помош им дојде како добредојде, за што изразија голема благодарност на Општинската организација на Црвениот крст и основните училиштата. ОО на Црвен крст Кавадарци 46081642_1452953421507805_6279762732493307904_n.jpg