МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Легендата на српското актерстрво, Лидија Вукичевиќ гостува во Кавадарци со претставата „Чекајќи го министерот“ - пред кавадарани настапува во четврток.

Домот на културата Иван Мазов Климе најави неколку интересни и пред се квалитетни културни настани кои веке од утре ке се сличуваат во кавадаречкиот храм на уметноста. Утре од 20 часот – Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе детско – младинската претстава “Приказна за волшебната шума“, работена по мотиви од бајките на Браќата Грим. Станува збор за авторска претстава каде драматизацијата и режијата се на Микица Илова.

Во четврток во Кавадарци ке гостува театарска претстава “Чекајќи го министерот“. Претставата е комедија и доаѓа од Република Србијаа во главната улога е легендата на српското актерство Лидија Вукичевиќ.

Во петок е предвидено отворање на изложба на цртежи од Марјан Ризовски од Скопје а директорката Јулијана Туриманџова го најави и големиот Велигденски ликовно уметнички хепенинг.

thumbnail (1)

М.В.