МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Танцовиот Спортски клуб на 28/ декември во ООУ„Гоце Делчев„-Кавадарци се претстави со 13 кореографии во стилот на "диско фри стајл", твист, ча-ча-ча, самба, салса, зумба латино, хип хоп и Пасо Добле. На завршното танцово шоу, учествуваа 60 деца на возраст од 5 до 13 години.

На шоуто, свое излагање имаше и тренерот, проф. М-р Лазар Соколов, кој зборуваше за важноста на спортските танци за развојот на децата и ги наброја големите успеси, со кои ја заокружија 2018 година.

Инаку „Линеа“„ како танцово студио постои од 2010 година, а брои 70 членови.

Покрај за помладите „Линеа“ работи и со возрасни групи за изучување на латино-танците.

1000022.jpg