МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee веќе неколку години традиционално ја организира манифестацијата „Пчеларски ден – знаење и дружење“ каде на едно место се собрани ценети домашни и странски научни експерти од областа на пчеларството, професионални пчелари и пчеларски ентузијасти и вљубеници во пчеларството.

Овој настан претставува одлична можност за надградба на пчеларско знаење и информирање за активностите на нашето здружение, како и размена на искуства и контакти со домашни и странски пчелари. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер, а нема да отсуствува ниту изложбено-промотивниот карактер на манифестацијата, па така на штандовите на спонзорите на настанот ќе се промовираат најсовремена пчеларска опрема и квалитетни пчеларски репроматеријали.

Настанот ќе се одржи на 27 јануари 2019 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

MacBee со особена чест Ве поканува да бидете дел од ова едукативно пчеларско дружење и со Вашето присуство да дадете значаен придонес кон подигнувањето на квалитетот на овој настан.

Експертот за органска храна и пчеларство Горан Колев од Кавадарци , ке одржи 15 минутно предавање на ова манифестација.

50758750_1928631717266310_4598237324772376576_n.jpg

50046976_1923180571144758_3875381478313426944_n.jpg