МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во чест на празникот Св.Трифун синоќа/ 13.02.2019/во Музеј-галерија Кавадарци беше отворена традиционалната изложба на ликовниот уметник од Кавадарци г-дин Лазар Дојчинов.

Дојчинов остана доследен на својот аманет, за празникот на лозарите да подарува своја изложба.Сите негови роднини и пријатели, колеги, љубители на неговата ликовна уметност му искажа почит за неговата работа, и ова година, посветена на најголемиот празник на лозарите.Дојчинов,покрај своите веќе познати слики, на јавноста и понуди нови 41 дела изведени во акварелна и акрилна техника .Темите се со мотиви од лозја, грозје, вино , ракоја, пејсажи од Тиквешијата. Новина е дополнување со мотиви од Големата мајка-божица на плодоноста-во име на мирот и семејно светилиште.

За творештвото на Лазар Дојчинов говореа Весна Ѓорѓиева-директорка на Музеј галеријата и Мирјана Мукаетива- новинар ликовен критичар и добар познавач на делата на Дојчинов. Авторот на крајот им се заблагодари на сите кои дадоа придонес во афирммација на неговата уметност.

Инаку свој настап на отварањето имаа и членови на Народниот оркестар на ОМБУ„Лазо Мицев Рале“ под раководство на наставникот Горан Јанев.

12222222222222222222222222222222.jpg9002.jpg