МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на својата глобална определба да го подржува спортот и да овозможува во него да се вклучат и аматери и професионалнци, Кожувчанка ДОО Кавадарци организира и спроведува протокол за посета на познати спорски колективи од Кавадарци на своите фабрички капацитети сместени во село Мрежичко;Фабриката за производство на минералните води „Кожувчанка“ и „Изворска“ и Пиварата на Кожувчанка за прозводство на „Македонско Пиво„.

На 2 март гости беа Управата,стручниот тим и фудбалерите на ГФК„Тиквеш 1930“.

Ова активност на тимот на „Кожувчанка„ е всушниост запознавање на спортистите со проектот „Наше пиво наша страст.Се работи за кампања наменета за големите спортски колективи и нивно финасирање .Со неа ке се придонесе за посигурно финансирање .

Фудбалерите, управата,тренерот и администрацијата на ГФК Тиквеш имаа можност , да се запознаат со начинот на производството на популарната минерална вода „Кожувчанка„-негазираната „Изворска“ и технологијата за производство на „Македонско пиво„.

Одличните домаќини, најавија слични посети на ракометарите и кошаркарите.

За крај на ова планинска средба на Кожув, беше организирана мала закуска,дегустација на пиво а сите добија пригодни подароци од Компанијата Кожувчанка.

00002.jpg

0004.jpg

0003.png