МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проштален натпревар на фудбалскиот судија Драги Шандаров

Тој во 1974 година се прости од активното судење во македонската фудбалска лига. Управата на ФК “Тиквеш“ за таа цел организира спектакл, односно фудбалски натпревар на две врвни женски екипи од југословенската фудбалска лига помеѓу ФК “Металац“ од Белград и ФК “Железничар“ од Ниш. Натпреварот го следеа повеќе од 3000 гледачи и беше ретка можност да се види како жените играат врвен фудбал, а од друга страна да му изразат почит на Драги Шандаров кој се прости од активното делење на судиската правда. Од страна на управата на ФК “Тиквеш“ и Фудбалската федерација на Македонија Драги Шандаров доби пригодни подароци и признанија

П.Камчевски