МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДАРУВАЈТЕ КРВ - СПАСЕТЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ БИДЕЈКИ СЕКОЈА КРВНА ГРУПА Е ВАЖНА

Во четврток 26 ноември од 9 до 15 часот во домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, ќе се одржи отворена крводарителска акција за сите граѓани а особено за сите ученици и вработени во средните училишта во градов и тоа гимназијата „Добри Даскалов“, СОУ „Kиро Спанџов -Брко“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“. Да напоменеме дека крв може да даруваат само оние ученици кои наполниле 18 години старост или два месеци порано од овој временски рок, меѓутоа со писмена согласност од родител. Сите вработени и ученици кои се чувствуваат добро и здраво и кои сакаат да ја даруваат својата крв, се покануваат да го сторат тоа. Општо познато е дека крвта е скапоцена течност а во ова време на вируси и пандемии секако е и повеке од тоа. За време на акцијата треба да се испочитуваат сите протоколи во време на пандемија и тоа задолжително носење заштитна опрема од Ковид 19, а на лице место на сите ќе им биде измерена телесна температура согласно мерките и препораките за заштита од Ковид 19.

м.в.