МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци деновиве престојуваат извидници од Белгија.Неколку дена беа во градот а моментно се на Кожуф-во Михајлово

Извиднички одред од Белгија втора година по ред ја избира Општина Кавадарци за дестинација каде ќе престојува.Со завршување на училишната година извидничките одреди бираат дестинација каде ќе патуваат со мисија која се состои од : Запознавање на нова земја;Остварување општокорисна работа во местото каде престојуваат и Промовирање на извидништвото.

Извидниците од Белгија престојуваат 9 дена во општина Кавадарци од кои 4 дена во град Кавадарци.Согласно слоганот на Општина Кавадарци За убаво и чисто Кавадарци извидниците зедоа активно учество со активности на општина Кавадарци и ЈП Комуналец во делот на општокорисна работа на територијата на град Кавадарци.

Останатиот дел од нивниот престој во Општина Кавадарци извидниците има едукативен дел за најмалите деца во излетничкото место Михајлово и во исто време ќе го запознаат тој дел на општината преку прошетки.

Имајќи во предвид дека општина Кавадрци е избрана по втор пат како дестинација за посета од страна на извиднички одред можеме слободно да кажеме дека политиките и динамиката на работа која е воспоставена од страна на Градоначалникот е препозната и на интернационално ниво и е во согласност со политиките на работа на европските градови.

66238253_2451318111758902_7818140750004092928_n.jpg

65759125_2451318281758885_2897055951976660992_n.jpg