МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во денешното соопштение до РТК.МК , ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на ОО СДСМ Кавадарци

Почитувани,

Општинската организација на СДСМ наместо да држи бледи прес конференции време е да се фати за работа и да престане да ги понижува и манипулира кавадарчани. Освен што нивниот шеф Зоран Заев ги распродава националните и државните интереси не прават ништо друго. Неспособноста излезе на површина кога Заев и парламентарното мнозинство на СДСМ го изгласаа законот за двојазичност. Неспособноста на СДСМ и Заев излезе на површина и кога го потпиша договорот со Република Грција и бесрамно прифатија промена на уставното име на Република Македонија.

ОО СДСМ Кавадарци никако не може да го сокрие фактот деканивниот пратеник Бетијане Китев го чуваше полиција после гласањето на законот за двојазичност. Наместо ОО СДСМ Кавадарци да излегува на пресови, треба да го праша Китев зошто имало потреба од тоа? Зошто се плаши ако сметал дека гласање на еден таков неуставен законот за двојазичност е исправно? Зошто Китев го чуваше полиција после гласањето на капитулантскиот договор за промена на името на Македонија во Собранието? Зошто има потреба од тоа ако тој и парламентарното мнозинство на СДСМ работат во интерес на сите граѓани? СДСМ треба да го праша и Зоран Заев за чии национален интерес работи, за Република Македонија или Грција?

Со потпишувањето на овој штетен договор Заев се откажа од привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца. Исто така се откажавме и од позитивната пресуда на меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, каде се нотира дека Македонија е во право, а Грција не е, и истовремено и се наложува на Грција дека не смее Македонија да се блокира за понатамошно членство во ЕУ и НАТО. СДСМ најмалку што може да зборува е за работа, проекти и идеи. СДСМ ниту има проект, ниту знае да работи. Единствена карактеристика на СДСМ и Заев е лагата, празните ветувања и распродажба на се што е македонско.

Кавадарчани добро паметат дека СДСМ за време на предвремените парламентарни избори најавуваше живот, а донесе смрт за македонското земјоделие. СДСМ е временска непогода за земјоделците.

СДСМ и Николоски го доведоа земјоделието на работ на пропаст, земјоделците едвај преживуваат. Николоски и Заев им ветуваа на земјоделците сигурен пласман и повисоки откупни цени, но откако се на власт ниту има загарантиран пласман, ниту повисоки откупни цени. Земјоделците за време на СДСМ се борат за својата егзистенција.

Време е СДСМ, Заев и Николоски да ги симне розевите наочари и да излезат на терен за да ги видат нивните катастрофални политики кои секојдневно им нанесуваат штета на земјоделците.

Зоран Заев и СДСМ немаат кредибилитет да зборуваат за зборуваат за напредок на Република Македонија.

Ако продавањето на државните интереси, неработењето, неспособноста, негрижата за граѓаните се мерка за сработено тогаш време е Заев да замине од политичката сцена“ се вели во соопштението на ОК на ВМРО- ДПМНЕ- Кавадарци