МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
https://www.xnxx.com/

Се реализира проектот за асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“.

Според проектот од програмата за комунална изградба на општина Кавадарци, во оваа фаза се проби и оформи нова делница од улицата во должина од 110 метри.

Претходно ЈП „Комуналец“ изврши интервенција на подземната мрежа и инфраструктура. Потоа следеше тампонирање, поставување на рабници и денешното асфалтирање.

Општината преку проектот ќе им овозможи на жителите од овој дел на Кавадарци побезбеден и урбанизиран пристап до нивните домови, а воедно и ќе ја подобри уличната мрежа во градот.

67149021_2465867353637311_6263717628028649472_n.jpg67149021_2465867353637311_6263717628028649472_n.jpg