Прес конференција

19.01.2019- интегрален текст

„Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани

Почитувани просветни работници,

Еден од клучните приоритети на оваа Влада предводена од СДСМ е зголемувањето на платите во образованието .

Веќе од овој месец вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 отсто.Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката ќе добиваат повисока плата.

Ова претставува трето зголемување на платите кај вработените од основното, средното и високото образование.

За само две и пол години успеавме на наставничкиот кадар да им ја зголемеме платата кумулативно за 21 отсто.

Ова ја покажува грижата на Владата кон подобрување на образновниот процецес, преку поставување на дигнитетот на наставничкиот кадар на едно повисоко ниво.

СДСМ ги продолжува политиките преку кои се инвестира во човечкиот капитал. Без задоволни и мотивирани наставници и професори, нема квалитетен образовен систем.

На прав пат сме, и на тој пат продолжуваме заедно со граѓаните и по победата на 12 април.

Петар Николов

Советник од СДСМ во совет на општина Кавадарци„.