МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегралнен текст на реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

„СДСМ се фали дека успешно се справила со корона вирусот додека бројот на заболени граѓани секојдневно расте.

Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните податоци во Македонија во изминатите 6 дена заразени се вкупно 158 граѓани, а починати се 15.

Фактите говорат дека Република Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.

За разлика од Македонија, во другите држави бројот на заболени од коронавирусот се намалува.

Владата на СДСМ и Зоран Заев ниту се справија со здравствената криза, ниту пак со економската криза. Нивната неспособност и неодговорност граѓаните ја чувствуваат.

Згора на тоа додека европски напредните земји бараат постигнување на политички консензус помеѓу политичките чинители и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори, Заев и по цена на човечки избори сака избори само да за да го ублажи изборниот пораз.

За разлика од СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е здравјето на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.„- се наведува во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.