Синоќа во Кавадарци по 20 пат започна да се реализира ликовната колонија “Михајлово Кавадарци 2015”. Со уште 3 културни настани истата вечер, започна вториот културен бран ова лето во градот на грозјето, организиран од министерството за култура и кавадаречката локална самоуправа.
-Како што е познато, колонијата секогаш започнува со самостојна изложба на некој од уметниците учесници на колонијата. Сево ова е со цел подобрување на културното живеење на жителите во општина Кавадарци, рече Владимир Темков, директор на домот на културата Иван Мазов Климе.
Годинава честа да има своја изложба му припадна на уметникот Драган Најденовски од Битола.
Љубителите на уметноста беа дел и од промоцијата на книгата Етичари од пензионираниот универзитетски професор Владимир Темков.
Во хотелот Уни Палас 2 беше организиран џез концерт “Modern Jazz Quartet K“Пред присутните се обратија и градоначалникот Александар Панов и професорот Темков кои изразија задоволство од присутноста на културата во животот на кавадарчани.