МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци ке можат да се вакцинираат околу 800 граѓани.

Во Кавадарци денеска започна вакцинираењето против сезонскиот грип.Во Центарот за јавно здравје Кавадарци-Д-р Ристе Јовановски не информира дека на располагање на граѓаните им стојат околу 800 дози на вакцини.За тоа колкав интерес владее во Кавадарци за превенцијата од грип говори податокот дека само за еден ден(денеска) вакцината ја поримиле околу 200 граѓани.Се работи за лица над 60 години, каде е зголемен ризикот од грипозни состојби.Инаку против грип можат и добро е да се вакцинираат граѓани со хронични болести и лица постари лица д 65 години.Цената на една вакцина изнесува 400 денари.