МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-„Моклишка воденица“ се одвива според планот. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на неколку позиции. Денес се постaвуваа рабници за оформување на контурата на една од вкупно петте попатни станици-одморалишта. Друга екипа поставуваше павер елементи на самата патека.Градежни работи се изведуваа и на делот од патеката покрај „Брана Моклиште“ каде се санираше делот на рабниците и се поставуваа нови.Рекреативната патека лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара е со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се постават 4 метални мостови со широчина од 2 метри.Досега покрај патеката е поставена подземна линија на нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри.Попатните станици-одморалишта ќе бидат оплеменети со урбана опрема, табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. Од безбедносни причини долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.Инвеститори на овој капитален проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.

117356026_2808919969332046_4061622214699999359_n 117414240_2808919872665389_7018381961847768399_n