МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш на престојното издание на меморијалниот турнир Вуко Каров и тиквешки фудбалски легенди ќе истрчаат во комплетно нови дресови кои се донација од интернационалецот Даниел Мојсов и „Дистрикт Кафе“.

Донацијата вклучува дресови, шорцеви и чорапи од познатата спортска марка „Legea“ во препознатливата црвено-бела боја, со кои кавадаречките фудбалери ќе се обидат да стигнат до подобар пласман во пролетниот дел од сезоната во втората македонска фудбалска лига.

„Кога за новогодишните празници бев во Кавадарци му ветив на претседателот на клубот Миле Масларков дека ќе му обезбедам на клубот дресови за престојниот дел од сезоната, и еве пред самиот турнир „Вуко Каров“ го остварив ветувањето“ - ни изјави Даниел Мојсов, кој по четврти пат донира за клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Мојсов ветува дека ќе продолжи да го помага клубот на секој можен начин, потврдувајќи ја уште еднаш големата љубов кон клубот и Кавадарци, во кој својата кариера ја завршува и неговиот брат Ѓорѓи Мојсов.