МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лозарите бараат 15 денари за “вранец” и 13 за килограм “смедеревка”, а винарите даваат 12 и 10 денари

-И по трет пат, иако разговаравме околу 4.5 часа, не најдовме заеднички јазик што се вели и не утврдивме цени за килограм грозје од годинешнава реколта. Нема спогодба, па се очекува до неа да дојде идниот понеделник за кога е закажана нова средба-изјавува претседателот на регионалниот сојуз на лозари “Агротиквешија”,Љупчо Аризанов по средбата.

Тој изрази незадоволство од односот на винарите.

-Имаат илјада и едно оправдување за цените кои ги предлагаат но кои никако не се реални и не ги покриваат нашите трошоци за производство. Се правдаат со состојбите на пазарите, виното демек не одело. Но тие оправдувања веќе не палат кај нас-ни рече Аризанов.