МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во завршна фаза е реконструкцијата на ул. „Бабуна “во должина од 180метри, со профил Ф315 - фекална канализација и 100 метра, со профил Ф-315 -атмосферска канализација. Со овој потег се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на ул. Бабуна која минуваше низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица.По завршувањето на работите ровот ќе биде вратен во првобитна состојба. Инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец Кавадарци. извор Кабинет на гардоначалник Митко Јанчев.