МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

УТРЕ ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА ВО 12 ЧАСОТ ПРЕКУ ПРИЗМА НА ИКОНИ, ФОТОГРАФИИ И ЕТНОЛОШКО КАТЧЕ КАКО ВО ТИКВЕШИЈАТА СЕ ПРАЗНУВААТ ЈАНУАРСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Утре, петок 29 јануари, точно напладне во просториите на музеј галеријата во Кавадарци ке биде отворена изложба насловена како „Јануарски празници и обичаи во Тиквешијата“. Како месец, јануари е исполнет со голем број на празници од кои поголем дел се и мошне значајни за верниците а сите се празнуваат пропратени со одредени верувања и обичаи. Обичаите и празниците кај македонскиот народ ја исполнуваат целата година, надополнувајќи се според утврден редослед и воспоставен поредок. Обичаите и празнувањата не се константни ниту идентични и во различни етнички целини помалку или повеќе се разликуваат и различно се празнуваат, но сепак датумите на кои се празнуваат сите православни празници насекаде се исти.На оваа изложба претставени се само празниците кои се празнуваат во месец јануари, начинот на нивно празнување и обичаите во етничкиот предел Тиквешија преку призмата на икони, фотографии и етнолошко катче. Кај дел од празниците претставена е и народната димензија, а исто така свое место има и официјалното христијанско учење.

м.в.