МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска а по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик, кој се одбележува на 21 февруари ,СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци подготви рецитал кој беше изведен во просториите на Библиотека „Феткин“ од Кавадарци

„За мајчиниот јазик

Розе: Јазикот е најголемо духовно културно наследство и мораме да го чуваме како нешто најсвето, зашто предците во мошне тешки и неповолни историски околности се избориле за правото на употреба на својот јазик, за докажување на неговата посебност...

Кристина: Многувековната писмена традиција е најголемо сведоштво за посебноста на еден јазик и самобитноста на тој народ. Секој човек го зборува јазикот како вродена биолошка способност, јазикот е процес кој трае и затоа се учи цел живот.

Ана: Денес одредени јазици претставуваат целосно оформени, современи литературни јазици, а некои, за жал сеуште не оствариле тој сон. Но сепак, тоа не значи дека тука треба да се застане. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот збор изговорена на мајчин јазик. Познавањето на мајчиниот јазик игра голема улога во општеството затоа што им помага на децата подобро да го запознаат и засакаат својот јазик, земјата каде живеат и народот на кој припаѓаат.

Мери: Верата е уште еден знак на припадност, која ги надминува рамките на јазични, национални и расни бариери. Таа обединува многу различни луѓе и ги претвора во единствени и ги сплотува меѓусебно. Во светите книги нема напишано ништо лошо и злото е осудено недвосмислено. Пораките од светите книги се најубави кога се читаат и слушаат на свој мајчин јазик, а не на арапски или на еврејски. Разбирливиот мајчин јазик ни ги пренесува светите начела и ни го осветлува сознанието за своето постоење, а воедно ни покажува дека во сите вери приоритет завзема ЉУБОВТА која е лек за се.

ВАЛЕРИЈА: Ако ги споредиме основните принципи на исламот и на христијанството, ќе забележиме дека се речиси идентични. И покрај спротивното мислење кое преовладува меѓу луѓето, во светот постојат повеќе нешта кои нѐ поврзуваат отколку што нѐ раздвојуваат. Една од тие работи е религијата. Учењето од светите книги Библија и Куран преку нивно напоредно претставување покажува колку всушност се слични пораките во двете книги.

РОЗЕ:

Цитати од светите книги Библија и Куран

Свето Евангелие според Јован

Во почетокот беше Словото, и Словото беше +во Бога, и Бог беше Словото.Тоа во почетокот беше во Бога.3. Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.4. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.

КРИСТИНА:

И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.6. Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;7. тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.8. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината. АНА: Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.10. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.11. Дојде при Своите и Своите не Го примија.12. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:

МЕРИ:

кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.14. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.15. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”16. И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;

РОЗЕ:

ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ

Разговор меѓу вљубените

Најубавата песна меѓу сите песни, на­пишана од Соломон

1Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното. 2Од пријатниот мирис на твоите мас­ла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите. 3Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од ви­но. Навистина, заслужено те сакаат! 4Ќерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон.

КРИСТИНА:

5Не гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував. 6Кажи ми ти, кого го сака душата мо­ја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари?

7Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, на­ју­бава меѓу жените, тогаш оди си по ов­ците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори. 8Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.

АНА:

9Прекрасни се твоите образи меѓу обетките, вратот твој – под ѓерданите; 10Ќе ти направам златни обетки со сребрени пулејки.

11Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, парфемот од мојот народ го испушташе својот пријатен мирис. 12Смирнова китка е мојот возљубен што стои меѓу градите мои.

МЕРИ:

13Мојот возљубен е за мене како ки­парисов грозд во лозјата на Ен-Геди. 14Возљубениот: О, убава си, мила мо­ја, убава си! Имаш очи гулабови. 15Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! Зеленилото е постела на­ша. 16Возљубениот: Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши – кипариси.

РОЗЕ:

Ц ИТАТИ ОД КУРАНОТ (муслиманската света книга)

Зборувај добро (Куран 2:83)

Не зборувај без доказ (Куран 2: 111)

Зборувај чесно (Куран 2: 235)

Кажи ја вистината (Куран 3:17)

КРИСТИНА:

Зборувај љубезно (Куран 4: 5)

Зборувајте правилно (Куран 4: 9)

Зборувајте ефикасно (Куран 4:63)

Зборувајте праведно (Куран 6: 152)

АНА:

Зборувајте милостиво (Куран 17:23)

Зборувај лесно (Куран 17:28)

Зборувајте на најдобар начин (Куран 17:53)

Зборувај тивко (Куран 20:44)

МЕРИ:

Не кажувај лага (Куран 22:30)

Не зборувај за клевета (Куран 33:58)

Зборувајте ја вистината постојано (Куран 33:70)

Не озборувај (Куран 49:12)

РОЗЕ: -„Ако видите нечиј срам, скријте го. Или ја поседувате таа мана, или сè уште сте чисти од тоа и заблагодарувајќи се на Алах за вашата чистота, покријте ја. И тој заслужува шанса да поправи и научи, да го направи среќен со убав збор и да зборува само убаво, да ги поттикне на убаво и оние со малку помалку убави мисли, бидејќи мрачната страна на човечкото размислување е неговото незнаење. "

КРИСТИНА : - И кога ќе изгубиш сè, и кога ќе те заболи, и кога ќе те остави оној што го сакаш, кога ќе те повредат, кога ќе ти го одземат правото, запомни дека Тој е таму. Единствениот. Последниот. Најдобриот. Оној Кој го воздигнува поразениот и понижениот.

АНА: Најмилостивиот. Највеличествениот. Најмилиот.

Оној што ги отстранува неволјите, грижите, маките и искушенијата. Оној кој знае и кој го контролира секој ритам на твоето срце.

ВАЛЕРИЈА: Стиховите од Библијата односно ајетите од Куранот имаат универзални теми, блиски на сите луѓе од светот: еден Бог, Мир, Правда, Љубов, Семејство и соседи, Светоста на животот, Милост, Проштевање, Помагање на другите и Надеж.

Ние избравме стихови од двете свети книги кои би сакале луѓето од различните вери да ги чујат со цел да се урнат предрасудите и да се подигне свеста за важноста на меѓусебното разбирање и меѓурелигискиот дијалог..

МЕРИ: - Јазиците се најмоќен инструмент за зачувување и развивање на материјално и културното наследство, на љубовта, нежноста и убавината.

Чувајте го вашиот мајчин јазик

за да си кажете јасно и чисто

се што во срцето ви лежи,

140731350_265734731578001_7946246545872813298_o 141756913_265734541578020_7369297079863940482_o 151310547_3960561333977546_2678353845635160383_n