МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната екипа за одржување на јавното улично осветлување работеше на отстранување на оштетените и неисправни ламби во селата Фариш и Раец. Во двете села беа отстранети дефектите и поставени нови еколошки штедливи ЛЕД светилки со јачина од 30W. Притоа од страна на надлежната служба во општината беше извршен и увид во исправноста на системот за улично осветлување. Во наредниот период истата активност ќе продолжи и во останатите села во низинскиот дел од општината.

извор : Кабинет на градоначалник на Општина Кавадарци 160763328_2986662434891131_3543296890719695682_n 160944612_2986662538224454_3935003451398438963_n (1)