МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пресрет на големиот македонски празник “11 Октомври“, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Ниче Василев од Струмицa.

201810100.jpg

Ниче Василев е роден во Дабиље , Струмичко . Академија за ликовна уметност завршил во Варшава ,1978, во класата на проф.Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980г. Живее и работи во Струмица ,Македонија.

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје ,Струмица,Битола,Штип, Гевгелија , Варшава ,Атина,Софија,Анкара,Цирих, Мадрид,Белград и др.Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во Македонија,Бугарија,Србија,Полска,Грција,Франција и Словенија.

За творештвото на Ниче говореше Владимир Темков,за неговите слики осврт на македонскиот академик Васко Ташковски прочита Диме Коцевски, а Петар Наневски кажа неколку афоризми. Ниче Василев се заблагодари за присуството на кавадарчани на изложбата и изрази надеж дека ке им се допаднат неговите слики.Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.