МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР ГОДИНАВА СОДРЖИ ПОВЕКЕ НАСТАНИ.ВИНСКИОТ КАРНЕВАЛ Е ВО САБОТА НАВЕЧЕР

Со свеченото отворање на изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци, денеска и официјално започна годинашното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.Изложбата, но и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ за отворена ја прогласи претседателот на Советот на општина Кавадарци: Горица Пеливанова - Вилхелм. „Почитувани сограѓани, чест и задоволство ми е во име на Советот и градоначалникот на Општина Кавадарци да ја прогласам изложбата за отворена, а со тоа и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“,рече таа.

20150828135407-6f46745a.jpg На изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ која е поставена во градската Музеј галерија, се изложени 22 дела на 12 склуптори од Кавадарци, Пано Анѓушев, Мино Стојанов, Кирил Мукаетов, Диме Самарџиев, Гоце Давидов, Ранко Дакиќ, Елпида Хаџи-Василева, Соња Самарџиева, Иван Ковацалиев и Јован, Гоце, Ристе и Иго Јосифови.Денеска утре се одржуваат бројни манифестации.На Градскиот плоштад, на улиците ,,М.Хв.јасмин,, „7-ми Септември,, на неколку локации;кафеани, Хотели, паркови -низ целиот град ,се чувствува Гроздоберот без разлика на промената на датумот за една недела.

a1145572grozdober_1.jpg

Според најавената Програма денеска-петок... попладне ќе се дегустираат вина од тиквешки винарии а ке се одржи и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје, а петочната програма продолжува со кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“. Забавата на градскиот плоштад ќе започне со убавата песна на легендарниот Никола Бадев во чија чест ќе биде посветена „вечерта на виното и песната“, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа и Ди џеј Саф, а на полноќ во хотелот „Уни Палас 2“ ќе се избираат вински крал и кралица.Во сабота гроздоберската програма започнува со изложба на олдтајмери и турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер,:Винскиот карневал и концертите на „Црвена Јабука“ и „Оливер Драгоевиќ“. Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Суперхикс и U2 трибјут бенд.