МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве непречено се одвиваат градежните работи за ревитализација на дел од Спортскиот центар „Јасмин“.Се врши реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови.

На постојните 14 канделабри ќе се постават нови ЛЕД светилки со што ќе се подобри осветлувањето. Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот се изврши поместување на 4 канделабри за 70 сантиметри кон оградата. Инаку согласно проектот ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори. Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде оградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.

37731934_2209354905955225_1950641925274992640_n.jpg37737584_2209354899288559_5765379088139157504_n.jpg37715735_2209355189288530_6597123256178704384_n.jpg