МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

БЕА ДОДЕЛЕНИ ДВЕ ТРЕТИ ДВЕ ВТОРИ И ДВЕ ПРВИ НАГРАДИ А НА КОНКУРСОТ УЧЕСТВУВАА СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ГРАДОТ

Денеска во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци, беше отворена изложба на детски цртежи кои пристигнаа на ликовниот конкурс “Априлијада“ посветен на Денот на шегата - 1 Април а кој го организираше Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Конкурсот се реализираше во соработка со сите основни училишта од Кавадарци. Изложбата ја отвори ликовниот уметник Владимир Темков кој беше и во жири комисијата потоа присутните ги поздрави директорката Јулијана Туриманџова а за конкурсот и творбите говореше уметникот Горан Боев. На крај директорката Туриманџова јавно ги прочита и наградените творби и тоа :-трето награда : второ Б одделение од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Теодора Ѓориќ од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци-втора награда : Емилија Темелкова од ООУ „Страшо Пинџур“ Мирко Гајиќ од ООУ „Тошо Велков Пепето“-прва награда : Лазар Грозданов од ООУ „Динмката Ангелов Габерот“ Кавадарци Димитар Димов од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа

М.В.