МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска со почеток од 19 часот, на Велосипедско - пешачката патека, на месноста “12 Другари“ ќе биде отворено “Кавадаречко културно лето 2021“.На настанот ќе учествуваат фолклорната група при Детската градинка “Рада Поцева“ и Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.“Кавадаречко културно лето 2021“ во периодот кој следува ќе донесе повеќе театарски претстави за деца и возрасни, концерти од различни музички жанрови, уметнички перформанси и др.Настаните ќе се одвиваат според пандемиските протоколи за COVID - 19, предвидени за настани на отворено.