МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕТСТАВАТА „НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“ КЕ УЧЕСТВУВА НА МЕЃУНАРОДНИОТ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ТРЕБИЊЕ, БИХ

Утревечер, среда со почеток од 20 ч., на покриеното туристичко плато на велосипедската патека, веднаш над споменикот на 12 ваташки младинци, на отворено ке се реализира театарската претстава „Не се клади на енглези“ во режија на Диме Коцевски. Всушност ова ке биде генерална проба за екипата од оваа претстава која веке во петок ке замине за БИХ, каде во Требиње ке учествува на меѓународен аматерски театарски фестивал. Учеството на овој фестивал е дел од наградата која нашиот театар ја доби на фестивалот во Кочани.И во четврток во исто време и на исто место уште една театарска изведба на отворено. Театарот Сенки на Микица Илова ке ја изведе претставата „Рибарот и златната рипка“. Двата настани се во склоп на кавадаречкото културно лето.

217778817_1474772256196521_1513496263232092671_n

М.В.