МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пресрет на бербата на вински сорти грозје и почетокот на производството на вино, нашата училишна винарија ја збогати својата опрема со три ферментатори со разладни уреди од по 300 литра. Овие наменски садови во голема мера ќе влијаат за правилна и контролирана ферментација и ќе го зголемат квалитетот на виното што се произведува во СОЗШУ за научни цели. Учениците, преку непосредно ракување со оваа опрема, ќе стекнат солидни сознанија за предноста на современата опрема за производство на вино. Овие вредни алатки се донација на реномираната фирма ЕУРОХАНДЕЛ ДООЕЛ од Кавадарци, во знак на соработка и унапредување на винската култура во рамките на научно образовниот процес, кој се одвива во нашето училиште. Им изразуваме благодарност за несебичниот чин и се надеваме на долготрајна соработка. ЕУРОХАНДЕЛ ДООЕЛ е дистрибутер на енолошки средства, амбалажа и винарска опрема во Македонија. На производителите на вино, ракија и сокови им нуди и стручни совети во проектирање, изградба и работа во производните погони. Располага и со енолошка лабораторија за испитување и контрола во производството. https://eurohandel.biz/ 241172553_4542758322424508_6231909042340428211_n 241181719_4542758509091156_5710454841936622046_n 241203257_4542758449091162_3564158215332419988_n 241266415_4542758342424506_3463892528174368241_n 241332498_4542758079091199_2211760701985206679_n