МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Официјално од денеска започнува годинашното издание на Алшар 2017 .

Веќе започнаа да пристигнуваат учесниците, кој се очекува да ги има од цела Македонија. Официјалното отворање на Алшар 2017 е закажано за недела, 11 јуни во 10 часот, за веднаш потоа да започнат големата велосипедска, средната и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура со планинарското друштво Орле, како и стартот на планинско маратонското трчање со Меридијан атлетик клуб. Пристигнувањето на првите учесници на црвената линија е предвидено околу 14 часот, по што ќе следи заеднички ручек и забава и извлекување на награди.Обезбедени се безалкохолни пијалаци и свежо точено Македонско пиво.

mrezicko_2016.jpg

Инаку уште од денеска (петок) започнува динамичниот живот со забавата за сите учесници.Денеска е предвиден концерт на КУД „Тиквеш“ од Кавадарци , настап на групата Чардак. Во сабота на 10 јуни, ќе се возат крос мотори, ATV и теренски возила низ патеките на Алшар, организирана е факултативна посета на Темната пештера, за потоа да следат слободни активности за сите учесници и демонстрација за одржување на велосипед на Илија Стамаџиев и мајсторот за велоспидени, Рипата. Во вечерниот дел од настанот свои настапи ќе имаат DJ Славе Келешовски, локални диџеи и Smoke Shakers, а ќе бидат премиерно прикажани и воведните епизоди од серијалот „Време за кавадаречки хумор“ Време за „Лакардиите на Паја“ во продукција на РТК.MK.

Патеките и за велосипедските и за планинарските тури се означени, подготвени и во одлична кондиција, програмата веќе од поодамна утврдена.

17577757_10155251691469382_900136632_n-1-600x229.jpg

Од Кавадарци и останатите места во Тиквешијата на Алшар како посетители, и рекреативци, се очекува да пристигнат голем број граѓани.Филингот е голем- да се биде на ова манифестација .

Од оние ексклузивни информации и веста дека годинава честта и официјалното отварање на Алшар 2017 да го има најуспешниот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски, што и дава посебен белег на целата манифестација.

karas-64354.png