МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

18 годишната Мирјана Митрева од Кавадарци е вистинско освежување на македонската музичка сцена.Учи во Средното музичко училиште во Битола, свири пијано и гитара, а има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со огромни успеси и награди.Својот музички и вокален талент го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“.Музиката и аранжманот на песната се дело на Драган Илиев, стиховите ги напиша Борче Димитров а Микс и мастер направи Горан Гешовски.Наскоро нејзиното првенче на музичката сцена ќе добие и свој видео запис, а нејзините планови се во блиска иднина да излезе со нови музички дела кои ќе бидат сигурни хитови, а Мирјана да си го најде своето место на македонското музичко небо.Уживајте слушајќи го овој есенски хит и откријте ја „Вистината“ во нејзината песна.

245246752_1221361058340836_8452278866326276856_n