МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Првото родено бебе во Општинава е машко.Мајката е Христина Јованова-има 19 години.

Станува збор за прворотка која со помош на царски рез, на свет донесе здраво машко дете. Пет бебиња дојдоа на свет во оваа болница во текот на вчерашниот ден, прв од новата година. Две со помош на царски рез, а три спонтано.

-Во 2016 година во оваа болница се регистрирани 478 новороденчиња. Евидентирани се доста третородки од неколкуте општини од Тиквешкиот регион, со оглед на тоа што овде се породуваат главно трудници од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, информираше денеска доктор Бранко Поповски, началник на гинеколошко акушерсткото одделение. Докторот соопшти дека најмладата мајка од тие што се породија вчера и тоа спонтано, има само 14 години и е висока 138 сантиметри..

Видео прилог: