МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Честитки и респект за сите крводарители, за спасените животи и лекување на болни и повредени лица на кои даруваната капка крв и значела живот. Честитки и за вработените во (ИТМ и СТМ) Институтот и службата за трансфузиона медицина кои неуморно ги изведуваат крводарителските акции, честитки и за Црвениот крст за целокупната организација и мотивација на сите крводарителски акции во Република Македонија. Црвениот крст Кавадарци како организатор и мотиватор секогаш е во редот на најдобрите организации во оваа дејност и минатата 2023 година ја завршивме на третото место во државата со реализирани 2676 единици крв заедно со службата за трансфузиологија со кои имаме одлична соработка и координација. По повод овој ден денес во Велес ќе се одржи форум на тема:Доброволно крводарителство во Република Северна Македонија, на кој ќе земат учество крводарители од компании и од клубот на крводарители, преставници од Министерство за здраство, Црвениот крст, ИТМ, ФЗОМ

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)