МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК ТИКВЕШ НАМЕСТО ВЕЧЕРВА УТРЕ КЕ ГОСТУВА ВО РАДОВИШ

Од извори блиски до ГРК „Тиквеш“ дознаваме дека е извршена промена на термините на одигрување на контролните натпревари на гостински терен. Нашите ракометари вечерва требаше да гостуваат во Радовиш на истоимената екипа во возвратен дуел но наместо вечерва средбата ке се одигра утре.Сменет е и терминот за одигрување на средбата со „КЛ 7“ во Скопје која требаше првично да се игра во петок но истата заради празникот е презакажана за во сабота. Нашите ракометари во првите две контролки се поразени но видливо е дека сеуште нозете им се тешки дека сеуште не се доволно воиграни бидејки има многу нови имиња во составот а и повредите од подготвителниот период не не заобиколија. Од натпревар во натпревар очекуваме нашите момци да влегуваат во ритам да ја качуваат формата и стартот на сезоната да го дочекаат максимално подготвени.

м.в.