МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК ТИКВЕШ - МЛАДОСТ 32-25 (17-13)БОРБАТА ЗА ТРЕТАТА ПОЗИЦИЈА ВО ГРУПАТА Б СТАНУВА ИНТЕРЕСНА

Во рамките на 8 коло од ракометната супер лига група „Б“ ракометарите на „Тиквеш“ прокнижија очекувана победа во дуелот со екипата на „Младост“ од Богданци. На отварањето кавадарчани поведоа со 3-1 но гостите израмнија. „Тиквеш“ победе со 5-3 но гостите прво израмнија па поведоа со 5-6. Оттогаш домакините заиграа поквалитетно ја контролираа играта и резултатот и постепено ја зголемуваа предноста па на полувреме беше 17-13 за кавадаречкиот суперлигаш. На почетокот на вториот дел гостите заиграа поорганизирано и ги казнија сите грешки на домашните па не само што ја анулираа предноста на „Тиквеш“ туку и два патаи поведоа (18-19 и 19-20). Во 42 мин на семафорот стоеше 20-20. Кавадарчани заиграа сконцентрирано, одиграа и „фластер“ на Стоилов и постепено ја зголемуваа предноста за на крај да стигнат и до убедливи 32-25. Кај „Тиквеш“ најефикасен беше Ѓоргиевски со 7 погодоци, 6 даде Јанчев, по 5 Симиќ и Медиќ,4 додаде Смињаниќ,3 Лазов а двапати во листата на стреелците се запиша Коцев. Кај гостите Лупашко даде 8,Стоилов 7 а Динов 5. Блескава партија на голот на „Тиквеш“ имаше и голманот Велков кој забележа 16 одбрани.Со оваа победа кавадарчани останаа во игра за висок пласман и место на табелата кое води во плеј оф лигата.

МОЖАТ ЛИ КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА ВЛЕЗ ВО ПЛЕЈ ОФ ГРУПАТА

Ако за победата на „ГРК Тиквеш“ од 32-25 над екипата на „Младост“ од Богданци можеме да кажеме дека е очекувана тогаш сигурно победата на „Работнички“ нагости кај „Бутел“ со резултат 21-23 е и повеке од изненадување. Средбата „Еурофарм Пелистер“ - „Металург“ од ова 8 коло ке се одигра на 3 декември. „Металург“ има уште два заостанати натпревари и тоа на 25 ноември, во среда ке го одигра заостанатиот натпревар со „Младост“ на гости а веке утредента на 26 ноември ке му гостуваат на „Бутел“.

Идното 9 коло на програмата е во сабота на 28 ноември а ракометарите на „Тиквеш“ се слободни.

1 „Бутел“ Скопје 6 5 0 1 171 135 36 1

2 „Металург“ 4 4 0 0 115 88 27 1

3 „ГРК Тиквеш“ 7 3 1 3 191 188 3 10

4 „Еурофарм Пелистер 2“ 6 3 0 3 168 155 13 9

5 „Прилеп“ 6 2 1 3 165 171 -6 7

6 „Работнички“ 7 2 0 5 176 214 -38 6

7 „Младост“ 6 1 0 5 161 196 -35 3

м.в.

1...https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/366630357778586

2...https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/1087770704977425