Балкански шампиони станаа и Јадранка Темелкова и Роберт Костовски од клубот Гладијатор од Неготино

Македонските кикбоксери имаа доминантен настап на Балканското првенство во Краљево, Србија, од каде се вратија со 61 медал и тоа 16 се златни, 26 сребрени и 19 бронзени и во вкупниот пласман се најдоа зад домакинот Србија која има помалку вкупни одличја но повеке златни медали или поконкретно 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзи. Македонската репрезентација настапи со 73 натпреварувачи кои имаа 77 настапи на Балканското кик бокс првенство во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт. На Балканското првенство учествуваа 212 натпреварувачи од 7 држави. Кикбоксерите од тиквешијата имаа бериќетна балканијада. Филип Ризов од кикбокс клубот Кавадарци си го исполни ветувањето и стана балкански шампион во дисциплината лоу кик за сениори до 60 кг. Тој во финалето со 3-0 го совлада босанецот Ријад Касаповиќ. Со медали се вратија и претставниците на клубот за боречки вештини Будо од Кавадарци. Во дисциплината кик лајт за сениори Слободанче Ѓорев во категорија до 57 кг загуби во финалето од србинот Бобан Николиќ и го освои сребрениот медал а во дисциплината лоу кик за сениорки до 48 кг Олгица Орешкова во полуфиналето загуби од Гордана Марјановиќ од Србија и се закити со бронзен медал. Одличен настап имаа и членовите на кик бокс клубот Гладијатор од Неготино. Јадранка Темелкова во кик лајт за јуниори до 55 кг во полуфиналето прво ја совлада Милица Гациќ од Србија а потоа во финалето ја победи и Јелисавета Калушевиќ од Србија и стана балкански шампион. Балкански шампион стана и Роберт Костовски кој во дисциплината лоу кик за сениори до 67 кг во финалето го совлада Урош Јањиќ од Србија. Марија Јанева во кик лајт за сениори до 55 загуби во финалето од Кристина Момчилов од Словенија и се закити со сребренниот медал. Успехот на македонските спортисти го потврди и Дејан Митровски-Урко кој едногласно е избран за претседател на ВАКО Балкан федерацијата.

viber_image_2022-06-20_11-37-01-049 viber_image_2022-06-20_11-37-03-610 viber_image_2022-06-20_11-37-04-576 viber_image_2022-06-20_11-37-05-333 viber_image_2022-06-20_11-37-05-850 viber_image_2022-06-20_11-37-09-103 viber_image_2022-06-20_11-37-11-580 viber_image_2022-06-20_11-37-13-723 viber_image_2022-06-20_11-37-15-180

М.В.