МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

БЕЛОРУСИНОТ МАКА МАЧЕШЕ СО ПОВРЕДИТЕ И РЕЧИСИ И ДА НЕ ИГРАШЕ ДОДЕКА МИЦЕВ СО ДОАЃАЊЕТО НА СТОЈАНОВСКИ СТАНА ЧЕТВРТА ОПЦИЈА

На стартот на оваа сезона ракометарите на ГРК „Тиквеш“ имаа големи амбици. Пред се планот беше тимот да се пласира во плеј оф лигата а за тоа беа ангажирани 4 ракометари од странство и уште неколку играчи од други клубови. Но првичната цел не беше исшолнета пред се заради сопствени грешки па тренерот Петрески си заработи отказ. На стартот на подготовките за пролетниот дел во кој кавадарчани ке играат во плеј аут групата и ке се борат да останат во елитата беше ангажиран нов тренер и тоа искусниот Горан Андоновски. Темпераментен тренер, тренер кој секогаш од своите ракометари бара максимум и борбеност до крај. Покрај тренерот Андоновски бешше ангажиран и нов голман. Станува збор за Александар Стојановски кој со своето искуство треба да му помогне на клубот во остварувањето на замислите. Засега клубот се раздели со двајца ракометари. Десното крило белорусинот Андреј Хапал кој повеке беше повреден отколку што играше како и талетираниот голман Александар Мицев кој со доаѓањето на Стојановски стана четврта опција.По заминувањето на Хапал, во тимот остана српското бековско трио – Медиќ, Смиљаниќ и Симиќ, а додека Мицев најверојатно ке премине во соседно Неготино каде најверојатно и ке добива поголема минутажа бидејки станува збор за млад и многу талентиран голман на кој му треба искуство и пред се поголема минутажа.

м.в.