ТРИТЕ ПРВОПЛАСИРАНИ КЕ ОБЕЗБЕДАТ ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК А ЧЕТВРТОПЛАСИРАНАТА ОД ПЛЕЈ АУТОТ КЕ ИГРА БАРАЖ СО ПРВОЛИГАШКИОТ ШАМПИОН

Според последните информации Управниот одбор на Ракометната федерација го прифатил предлогот на клубовите за промени во бројот на екипите кои следната сезона би настапувале во ракометната суперлига. Кога започна тековната сезона беше предвидено од екипите кои ке играат во плеј аутот само првопласираната да обезбеди опстанок во елитата директно а второпласираната екипа да игра бараж натпревар со првопласираната екипа од првата лига. На тој начин од суперлигата требаше да испаднат 6 екипи но клубовите побараа тоа да се смени. Според последната одлука од суперлигата нема да испаднат 6 туку само 4 екипи.

Ова би значело дека сигурен опстанок ке обезбедат првите три екипи од плеј аутот а четвртопласираната ке игра бараж со прволигашкиот шампион. Екипите кои сезоната ке ја завршат од 5 до 8 место во плеј аут групата следната сезона ке играат во првата лига.

м.в.