МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ БЕА ПОКОНЦЕНТРИРАНИ ВО ФИНИШОТ

- ВОЗВРАТНИОТ ДУЕЛ СЕ ИГРА УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Ракометарите на „ГРК Тиквеш“ забележаа минимална победа против екипата на „Пролет“ со резултат 28:27 во пријателски конролен натпревар кој се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1:5. „Тиквеш“ заигра поорганизирано но „Пролет“ успеа да ја сочува предноста која на полувреме изнесуваше 13:15. Во второто полувреме дсе играше рамноправно за да во самиот финиш при резултат 27-27 „Пролет“ имаше напад за победа но си го дозволи тој луксуз и не само што не го искористи туку му дозволија на домашните ракометари од полуконтра да постигнат гол за водство на „Тиквеш“ од 28:27. Гостите не успеаја да го искористат ниту последниот напад па победата остана за домашните ракометари. „Пролет“ и „Тиквеш“ ќе одиграат уште еден пријателски контролен натпревар, и тоа овој петок односно утре нпо во Скопје во салата „Македонско Сонце“ во Скопје.

м.в.