МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ СО ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЈА СТАРТУВАА БОРБАТА ЗА ОПСТАНОК ВО ЕЛИТАТА

Стартуваа и возбудувањата во ракометната супер лига и во плеј оф и во плеј аут лигата. Ракометарите на „ГРК Тиквеш“ на стартот од разигрувањето за опстанок во елитата славеа над засилениот тим на „Јуниор Кисела Вода“ и тоа на гостувањето со 18-26. Во првото полувреме двете екипи направија премногу технички грешки што резултираше со мал број постигнати голови а на пауза кавадарчани имаа предност од 7:9.Во второто полувреме голманот на кавадарчани Стојаноски бранеше одлично а „Тиквеш“ немаше ниту проблеми со реализацијата во нападот ги казнуваа сите грешки на домашните. Во 45 мин „Тиквеш“ водеше со 14-20, а избраниците на Горан Андоновски до крајот не само што ја одржаа туку и ја зголемија предноста за конечни 18-26 и важни бодови од незгодното гостување. Кај кавадарчани најефикасни со 6 погодоци беа Симиќ и Ѓорѓиоски, Јанчев додаде 4 а Смиљаниќ 3 гола

м.в.

158255474_455840008873332_894785247438746880_n