МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ КЕ САКААТ ДА ОСТАНАТ НЕПОРАЗЕНИ А РАБОТНИЧКИ КЕ БРКА ПРИКЛУЧОК

Утре во ракометната суперлига, во плеј аут групата ке се одиграат средбите од 6 коло. Лидерот на табелата и единствената непоразена екипа ГРК Тиквеш му гостува на третопласираниот Работнички. Кавадарчани сакаат да ја продолжат победничката серија и останат непоразени но Работнички веке заостанува 6 бода зад кавадарчани и ке сака да фати приклучок. Во второто дерби во Прилеп домашната екипа го пречекува тимот на Младост од Богданци. Двете екипи досега имаат по два порази а прилепчани се благи фаворити не само заради домашниот терен туку и заради фактот што овој викенд во наредното коло ке му гостуваат во Кавадарци на ГРК Тиквеш. Радовиш во минатото коло ја забележа првата победа па сега со многу повеке самодоверба ке го пречекаат тимот на КЛ 7. Во борба за бегство од дното во Кисела Вода Јуниор ке го пречека Астраион.

М.В.