Просторот ке го користат покрај членовите на ФК Карпошово и ученичките во гимназијата

Во дворот на гимназијата Добри Даскалов кај спортските терени ФК Карпошово кој стопанисува со фудбалскиот терен со вештачка трева постави монтажна соблекувална. Истата е по сите правила со саниктарен јазоли два туша а покрај членовите на ФК Карпошово ке ја користат и ученичките од гимназијата. Имено поради едносменското работење на оваа образовна институција се случува и по два класа да имаат истовремено физичко воспитување а заради пандемија постоечките соблекувални во гимназијата не можат да одговорат на потребниот капацитет. Потребно е само да се спроведе струја и постави греење и новиот објект да биде ставен во функција.

242806019_372914487954869_6873580464724982153_n 242806560_287674946220853_2703215028982618511_n 242806566_1403508953375989_8453465926436365096_n 243003977_342072247666278_6380587048944020565_n