МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРВ ПОРАЗ ЗА КАВАДАРЧАНИ КОИ СЕПАК И НАТАМУ СЕ ПРВИ НА ТАБЕЛАТА

Ракометарите на ГРК Тиквеш го доживеаја првиот пораз во плеј аут групата во суперлигашкото друштво. Тие се поразени на гостувањето кај Работнички со 31:24. Првото полувреме беше колку толку рамноправно и домашните го добија со 14:11. Во вториот дел Работнички предводен од расположениот Ончев го скрши отпорот на кавадарчани и заслужено славеше победа.Тренерот Андоновски сигурно нема да биде задоволен од одбраната која дозволи еден ракометар (Ончев) да им даде дури 17 голови. Во второто мини дерби Прилеп го искористи домашниот терен и го совлада Младост од Богданци со 29:23. Радовиш ја забележа втората победа во серија нанесувајки му го вториот пораз во серија на тимот на КЛ 7 со резултат 37:31. Во последната средба Јуниор КВ го декласираше Астраион со 36:23.

М.В.

174193716_747403535968467_2718575929728148756_n